На автопатот Скопје – Куманово, поточно кај клучка Куманово, полициски службеници од Мобилна единица на граничната полиција вчера, од слобода го лишиле Х.К.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што во товарното возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени 31 лице – мигранти, од кои 21 – државјани на Пакистан, 4 – државјани на Сирија и 6- државјани на Авганистан.

Лицето е приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка, а мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце.

По целосно документирање на случајот, против Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...