Илјадници граѓани вечерва ги пречекаа ракометарите на Вардар на плоштадот Македонија и на скопските улици за заеднички да ја прослават европската шампионска титула. Ракометарите им се обратија на насобраните од бината, додека граѓаните скандираа „Вардар шампион“. Најголеми овации доживеаја капитенот Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч на фајнл-форот и Русинот Тимур Дибиров.

„Ова ќе го кажам вторпат – скопски Вардар, европски првак. Овие позади мене се најголеми амбасадори на нашата држава, голем дел не се Македонци и еден ден ќе си отидат и ќе зборуваат си беше еднаш еден Вардар и една Македонија. Најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“, рече Стојанче Стоилов од бината на плоштадот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...