Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов се жали дека има недоразбирања со Балкан Енерџи Груп околу планот за преземање на мрежата за топлинска енергија. Дополнително, проблем правеле и правните недоречености коишто ги дала Владата околу ова прашање. Шилегов инсистира мрежата да му биде одземена на БЕГ и дадена на Град Скопје, односно на новоформираното јавно претпријатие – Градски Енергетски Системи.

„Она што е спорно е дали мрежата е легално дадена или не е легално дадена. Мрежата е дадена со некаков договор пред да биде добиена лиценцата – што е нелогично – и е кривично дело. Сега зашто обвинителството не реагира, а пријавено е сè како што треба, јас ќе ги прозивам сите институции една по една“, рече Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.

Од БЕГ за Алсат велат дека кога компанијата ја добила потребната дозвола за работа биле запазени сите законски процедури. Веќе осум години велат дека успешно управуваат со дистрибутивната мрежа за топлинска енергија.

„БЕГ Дистрибуција целосно ги исполни потребните законски услови. Во 2013 година Регулаторната Комисија за Енергетка издаде лиценца на компанијата за дистрибуција на топлинска енергија со важност до 2047 год.“, наведуваат од БЕГ.

Сепак, до Регулаторната комисија за енергетика стигнало барање од Град Скопје за преземање на дистрибуцијата. Регулаторот веќе информираше за Градски Енергетски Системи да добие дозвола за вршење на оваа дејност, мора најпрво да се покрене постапка за одземање на лиценцата од сегашниот снабдувач.

Инаку, Балкан Енерџи Груп има лиценца за вршење на оваа дејност со важност од 35 години. Шилегов е категоричен дека и покрај сè нема да се откаже од преземање на дистрибутивната мрежа и градот да раководи следната грејна сезона. Но, не отстапуваат ниту од БЕГ кои имаат дозвола за работа за следните 27 години.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...