Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој неколку пати вети затворање на незаконскиот премин на Бит Пазар, ставање во функција на мостот и отстранување на трафиките кои го спречуваат слободниот проток на луѓето. Но, сега не прифаќа да зборува пред камерите за да каже кога ќе го реализира ова ветување.

Веќе три дена очекуваме од Градот Скопје да одговори на прашањето упатено од телевизија Алсат – кога оваа институција, надлежна за затворање на незаконскиот премин на Бит Пазар, ќе го стори тоа. Независно од фактот дека пред два месеци градоначалникот на Град Скопје изјави дека со реконструкцијата на булеварот ќе се затвори и преминот, тоа не се случи. На овој незаконски премин во сообраќајки веќе загинаа неколку лица.

Претходно Шилегов тврдеше дека повеќе нема да го толерира хаосот на Бит Пазар, ќе го затвори незаконскиот премин и ќе ги отстрани сите времени објекти.

Една од сообраќајките на наведениот уличен премин се случил на 27 декември пред две години, кога автобус прегази повозрасна жена. Граѓаните кои поминуваат на овој незаконски премин велат дека тоа го прават бидејќи не работат лифтовите на надвозникот, делот од мостот предвиден за лица со посебни потреби, некој си го претворил во магацин за пијалоци за блиската трафика, мостот е нечист и на него смрди. Возачите пак, се жалат дека освен незаконскиот премин во тој дел и тротоарот е блокиран од трафики, па пешаците мора да се движат на главната улица.

Еви Шкопи

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...