Цената на становите ќе расте. Градежната комора при Сојузот на стопански комори информираше дека тоа ќе се случи како резултат на порастот на трошоците за градежни материјали, но и поради зголемувањето на трошоците за вработените во градежните компании. По која цена во иднина ќе се продаваат новите станови во земјава ќе зависи од квалитетот на градбата, од локацијата и деловниот амбиент.

Податоците на градежната комора велат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во на годишно ниво се повисоки за 6 насто, трошоците за материјали се зголемени за 3 проценти, додека за вработените тие пораснале за 13 насто.

Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите за транспорт, прво за тие материјали што се увезуваат, како и за материјалите кои што се од домашно производство.

Loading...

Shpërndaj me