Секторот за внатрешни работи во Тетово доби нов началник. Гоце Јанкуловски е именуван на оваа позиција со одлука на техничкиот министер Наќе Чулев. Заменик-началник и понатаму ќе остане Амир Далипи. Ова е 15-тта и последна промена на началници на разни сектори во МВР кои му следуваа на министерот. Чулев во дел од претходните именувања наиде на противење од заменичката Славјанка Петрова бидејќи нивните заеднички потписи се услов одлуките да станат правосилни.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...