Раул Гонзалес и Ракометната федерација на Македонија спогодбено го раскинале договорот за соработка. Шпанскиот стратег веќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се согласија околу прекинувањето на соработката. Би сакале да му се заблагодариме на “Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“, се вели во соопштението од РФМ.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...