Иако беше најавено дека оваа есен, сепак по новиот автопат Миладиновци – Штип ќе возиме од Нова Година. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека изградбата на автопатот со кој драстично се скратува времето за патување кон истокот на државата е скоро завршена. Останати се уште само два три километри каде се поставува последниот слој на асвалт. Министерот вели дека согласно анекс – договорот, крајниот рок за изградба на оваа автопатска делница е 31 декември 2018 година.

Остануваат уште два до три километри поставување на одреден слој во делот на асвалтирањето. Во голема мера се поставува сигнализацијата, оградите и сите работи кои што се поврзани од техничка природа. Веќе на одредени места се поставени и табли. Сосема на крај е изградбата на овој автопат и моите очекувања се дека со се овие технички работи кои што треба да бидат завршени, од наредната година граѓаните ќе го возат овој автопат Миладиновци – Штип“, рече Сугарески.

Иако се уште не е пуштен во употреба дел од жителите во овој регион возат по овој автопат. Возачите ја користат оваа делница затоа што значително го скратува патувањето. Министерот вели тоа го прават на своја рака.

Проблем е затоа што технички прием се уште не е извршен на тој автопат и веројатно тоа некој го рпави на своја рака. Без технички прием не смее да се вози на тој автопат“, додава Сугарески.

Изградбата на овој автопат чини 200 милиони евра и е кредит од кинеската Ексим банка. Првичниот рок за изградба беше 1 мај 2017 година кој поради проблеми со експропријација на земјиштето беше пролонгиран за што беше потпишан анекс – договор со кинеската компанија „Синохидро“. Изградбата на оваа автопатска делница во должина од 47 километри започна во 2014 година.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...