Maлку калории, малку масти, малку јаглехидрати. Ова е најчестиот совет за слабеење. И мажите и жените често се одлучуваат да конзумираат нискокалорична храна за да ослабат побрзо, со што практично се изгладнуваат, пишува Индепендент.

Многумина после овие диети не сакаат да признаат дека после диетата ги вратиле килограмите.

“Нашиот мозок ја контролира нашата тежина, нашиот метаболизам и чувството за глад. Спроведените студии во последните 50 години покажуваат дека хипоталамусот е “шеф” на тоа колку слабееме или се дебелееме. Нашиот мозок има многу јасна идеја за тоа колку сме тешки и сака да го саботира секој обид за слабеење. Тоа е причинита зошто повеќето по губењето на килограмите се враќаат на истиот режим. Тоа е т.н јојо ефект. Мозокот не е среќен кога гладува”, вели доктор Џејсон Мекеун, еден од водечките невролози во Британија.

Тој вели дека нискокалоричните диети се однапред осудени на пропаст. Тврди дека слабеењето е многу поедноставно “на хартија” и дека нашиот мозок навистина работи против нас. Станува збор за еволуција која трае со милениуми која пробуваме да ја “поништиме”, пренесува Eкспрес.

“Нашиот мозок точно знае на која килажа е среќен. Единствениот начин на кој можете да влијаете на изгледот е да усвоите здрави навики и здраво да ослабете односно да го ресетирате мозокот”, вели неурологот.

 

 

 

Shpërndaj me