Овој рецепт воодушевува многумина, па дури и оние со најистенчен вкус.

За денеска имаме десерт колач со банани и чоколадо. Интересна комбинација со фил од јагоди.

Состојки

За ТЕСТО ќе ви треба:

  • 50 гр. путер
  • 1 шолја шеќер
  • 3 банани
  • 1 јајце
  • 1/3 шолја млеко
  • 1/4 шолја какао
  • 1+3/4 шолја брашно
  • 1 полна лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички цимет
  • 1/2 шолја чоколаден чипс

За КРЕМ ќе ви треба:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 250 гр. полузамрзнати јагоди

Подготовка:

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени.

Чекор 2: Во сад ставете ги путерот и шеќерот и матете додека не се соединат. Бананите испасирајте ги и додадете ги во смесата со путер. Додадете ги јајцето и млекото и матете да се соединат. Додадете го просеаното какао, брашното, пецивото, циметот и чоколадниот чипс. Соединете ја смесата со матење.

Чекор 3: Смесата сипете ја во округла тава за печење и печете 45 минути. Испеченото тесто оставете го да се олади 5 минути во тавата, потоа извадете го да се лади на жица.

Чекор 4: Додека тестото се пече, подгответе го кремот. Изматете ги белките со шеќерот и додадете ги јагодите.

Чекор 5: Сечете парчиња од колачот и филувајте со кремот од јагоди Чекор 6: Сервирајте! СОВЕТ: Доколку тестото почне да потемнува побрзо при печењето, прекријте го со фолија која ќе ја отстраните пред крајот на печењето.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...