Да кажете на некому „Те сакам“ не е едноставно, а на личноста на која што посакувате тоа да и го кажете потребно е вистински да го заслужи тоа.

Кога ги изговарате овие зборови, тие имаат длабоко значење и порака.
Она што ќе споделиме со вас се неколку начини на кои мажите може да ви ја покажат нивната љубов кон вас, а тоа да не мора да го изговорат со зборови…Понекогаш гестовите говорат многу повеќе од зборовите.

1. Сака да оди секаде со вас
Знаете и сами колку понекогаш е тешко да ги извлечете од дома мажите, особено кога е во прашање шопинг. Ако вашиот партнер не сака да оди по трговски центри воопшто, а сепак го прави тоа за вас, да ви помогне при изборот и да ве дружи, тогаш тој сигурно има посебни чувства за вас.

2. Кога е со вас секогаш е добро облечен и среден
Било дали одите на вечера, на гости или во кино тој секогаш кога е со вас изгледа совршено. Уреден е, убаво се облекува и мириса прекрасно. Мажите не се жени, тоа значи дека многу често ги мрзи сето тоа да го прават, но кога е во прашање девојката со нивните соништа тогаш имаат и цела ноќ за тоа.

3. Секогаш гледа каде одите, и ве следи со поглед
Едноставно сака да ве гледа во било кои момент, каде и да сте. Горд е на тоа што ве има вас покрај себе.

4. Се насмевнува после секој ваш бакнеж
Ако забалежите дека по секој бакнеж нежно ве гледа и ви се насмевнува, знајте дека е комплетно заљубен во вас. Вашите бакнежи многу му се допаѓаат и едноставно не може да ги крие чувствата.

5. Страствени, долги бакнежи
Мажите не се некои љубители на бакнувањето, тие повеќе сакаат да гледаат. Ако вашиот партнер сака да ве бакнува страсно и долго се додека вие не сопрете, колку што вам ви е убаво толку му е и нему. Пеперутките во стомакот секако дека се присутни.

6. Ве допира спонтано пред други
Кога и да излезете негде во јавност спонтано ви ја допира раката, ја става неговата рака на вашата нога, сака да ве држи околку струкот- тоа се знаци на силни емоции.

7. Мирно ве слуша и гледа додека зборувате
Можеби ова досега не сте го забележале но следниот пат обрнете внимание. Кога зборувате тој постојано ве гледа во очи и усни, со длабок поглед. Ова секако дека е љубов за која што зборовите „те сакам“ не се потребни.
Кога ќе ги забележите овие знаци кај вашиот партнер можеби ќе бидете задоволни и среќни со она што го имате со него.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...