Финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, рече дека Европа нема да му сврти грб на Западен Балкан. По расправата во Советот на ЕУ, таа наведе дека земјите-членки можат да постигнат договор за новата методологија за проширување на ЕУ предложена од Франција  дури откако ќе започне со работа новата Комисија на ЕУ, следната пролет.

 Имавме тркалезна маса, каде се разбира го слушнавме францускиот предлог и имаше држави кои го поздравија и држави кои имаа дилеми за истиот. Заеднички став е дека сите да чекаме Комисијата да го започне што побрзо со работа и да предлага идеи како да се движиме напред во политиката на проширување. Рано е да се зборува за можно влијание во Западен Балкан“-рече Тупураинен.

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека реформите за  проширувањето на ЕУ не треба да го одложат започнувањето на преговорите. „Ние ги прифаќаме предлозите на француската влада за реформа во проширувањето на ЕУ. Отворени сме да разговараме за подобрување на процедурите за проширување се доколку  ова не го одложува започнувањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија“, се вели во одговорот на министерството за надворешни работи.

“Веќе неколку месеци работиме на новата методологија и веруваме дека денешната дискусија во Брисел ќе биде потивка отколку во октомври. Ние не ги менуваме правилата во средина на играта. Откривме дека процесот не функционира затоа што е премногу бавен за оние што учествуваат. Процесот не е политички воден, има автоматизација и пред сè, народот не се наоѓа таму”-изјави Амели Де Монтшалин, француски државен секретар за надворешни работи

Со францускиот предлог  државите кандидати ќе треба  да поминат низ седум фази за да се интегрираат како полноправни членки на ЕУ. Франција очекува новата методологија заснована врз предлогот и препораките на земјите членки и земјите кандидати да бидат донесена до 2020 година.

Анеса Салиху

Loading...

Shpërndaj me

Loading...