Германската полиција втор ден е во потрага по редок спортски автомобил, марка „ферари“ од 80-тите години на минатиот век, за кој се проценува дека чини околу два милиони евра. Непознат маж, кој се претставил како потенцијален купувач, сакал да го проба возилото, но кога продавачот станал за да ги заменат местата, муштеријата притиснал на гаста и избегал со ферарито. Станува збор за „Ферари 288 ГТО“, првпат регистриран во 1985 година. Полицијата во Дизелдорф сѐ уште не може да го лоцира возилото и бара помош од јавноста.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...