Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска повика на меѓународна солидарност во време кога светот е погоден од пандемија на коронавирус.

– Националните напори што ситуацијата ги бара од секој од нас не смеат да резултираат со спирала на национален егоизам, рече Маас пред состанокот во Г7 што треба да се одржи денеска.

– Приоритетите на германската Влада се да ги координираат нашите активности со нашите партнери ширум светот и да покажеме солидарност каде и да видиме дека можеме да го сториме тоа, рече германскиот министер за надворешни работи за агенцијата ДПА.

Министрите за надворешни работи на Г7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, ќе одржат видео конференција попладнево, а една од главните теми ќе биде брзото ширење на пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...