Со нетрпение очекуваме Македонија да стане 30-та членка на НАТО, порача првиот човек на американските сили во Европа и врховен командант на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти. Скапароти, кој денеска е во посета на Скопје, истакна дека НАТО го признава напредокот во воените реформи и ја охрабри земјата да ги реши останатите предизвици за членство, што според него, ќе биде корисно не само за земјата, туку за регионот и за цела Европа.

Со нетрпение очекуваме да дадеме практична поддршка на вашите воени власти во процесот на членство. Убедени сме дејка решавањето на овие предизвици и успешното членесто во Алијансата ќе биде исклучително корисно за вас. Вашата држава гради светла иднина и напредува. НАТО ги споделува вашите заложби за владеење на правото, сигурност и безбедност во регионот. НАТО ја споделува вашата посветеност на демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку за цела Европа. Очекувам да станете 30-та членка на НАТО – изјави Куртис Скапароти, командантот на командата на американските сили во Европа и врховен командант на НАТО за Европа.

За министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, посетата на американскиот генерал сведочи дека земјата од 11 јуни, денот кога доби покана за влез во НАТО се променила. Истакнувајќи дека Владата е посветена на членството во НАТО, таа ги повика граѓаните да гласаат за договорот со Грција на референдумот на 30-ти септември.

Реализацијата на договорот со Грција за прашањето за името е предуслов за земјата да влезе во НАТО. Членството на земјата во Алијансата ќе се случи само ако земјата спроведе успешен референдум и уставни промени, а грчкиот Парламент го ратификува договорот и протоколот за пристапување во НАТО.

Анеса Салиху

Loading...

Shpërndaj me