Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека на тимот му е потребен уште еден играч за позицијата централен дефанзивец, кадешто во моментов имаат само тројца фудбалери – Стоунс, Лапорт и Отаменди, откако на крајот на минатата сезона клубот го напушти Венсан Компани.

„Венсан беше многу важен дел од нашиот тим. Тој влијаеше не само на нашата игра, туку и на целата атмосфера меѓу играчите. Не знам дали е можно човек како него да биде заменет, но имаме неколку кандидати и сакаме да привлечеме некој од нив“, изјавил Гвардиола.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...