Незавршенатa трансакција помеѓу државата и ГА-МА сѐ уште е дел од фалбите на Владата за реализацијата на капиталните инвестиции во висина од 78 проценти за претходната година. Парите сеуште не се префрлени на компанијата, туку стојат на наменска сметка во Националните енергетски ресурси. Министeрката за финансии Нина Ангеловска тврди дека со префрлање на парите од трезорот практично може да се смета дека капиталните расходи се реализирани иако процесот сеуште не е завршен

„Средствата се процесирани преку трезорот и лежат на посебна наменска сметка во НЕР и во однос на тоа дали се реализирани тоа не во надлежност на Министерството за финансии. Владата донесе одлука и средствата преку трезорот се префрлени. Дали ќе успее реализацијата да се изврши во рамки на овој месец два, таму се одредени средствата за да се реши спорот со цел да се префрлат и да се реализира ова прашање“, рече министерката Ангеловска.

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во неколку наврати посочи дека со самиот факт што процесот не е завршен, билансот од капитални инвестици е реално помал.

„Парите биле префрлени од министерството за финансии до македонски енергестки ресурси, за да го откупат делот во ГАМА од 32 милиони за после на 10 јануари министерката да каже дека добила информација дека всушност не се потрошени тие пари. Не е малце тоа е 10 посто на вкупната предвидена сума“, вели Мицкоски.

Владата во декември претходната година донесе одлука за купување на делот на ГА-МА во висина од 32 милиони евра. Откако средствата ќе бидат исплатени на компанијата Макпетрол која ја поседува оваа акција државата ќе стане 100 отсто сопственик на целиот гасоводен систем.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...