Италијанскиот новинар кој ги објави видео и аудио-снимките за случајот „Рекет“ во весникот “Ла Верита“, Ларис Гајсер, денеска во словенечкото радио “Каподистриа“ ја коментираше актуелната состојба во Македонија.

Гајсер нагласи дека премиерот Зоран Заев е на крајот на неговата кариера и оти повеќе не е достоен да ја претставува Македонија во Атлантската Алијанса. Во неговата скоро 20 минутна анализа во радиото тој наведе дека сега постојат два начина како да се најде излез од ситуацијата.

„После ова сигурен сум дека Заев е на крајот на неговата кариера и оти е прашање на време кога Собранието и Претседателот ќе сфатат дека ќе биде подобро Заев да биде разрешен за да имате пофункционален меѓународен претставник, бидејќи во моментов Заев претставува проблем и не може да ја застапува Северна Македонија. Опциите се – прво – или владина криза со избори, иако Пендаровски ова не го гледа како можна опција без претходно да има попис на населението, или – ова е моја сугестија, да има преодна Ад интерим Влада, со услов да биде сменет само Заев“, рече Гајсер.

Гајсер вели дека се залудни се обидите на власта во Скопје да прикажатѕ дека наводно е во дел од некоја игра на Груевски за да се спречи евроатланската иднина на Македонија. Тој вели дека самиот проблем е Заев кој владее преку корупција и не може достоинствено да ја застапува Македонија во НАТО Алијансата.

„Ме обвинуваат дека наводно создавам сценарио за да го спречам евроатланскиот пат на Македонија, тоа е измислица. Јас верувам дека проблемот е токму Заев. Тој сигурно не е решение. Ова значи дека од меѓународна гледна точка проблем е Северна Македонија да има премиер како Заев кој се претвори во товар за неговата земја. Тој треба да интервенира што е можно побрзо за да може да биде чист пред толку важна институција каква што е НАТО. Тој треба да биде сменет што поскоро, да биде чиста за да влезе во таква Алијанса“, додава Гајсер.

Гајсер повторно ја обвини шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини дека сè уште молчи за целата афера во Скопје. Но, тој ја поздрави реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и одлуката на судот во Шведска кој одби на земјава да ù го испорача Дејан Давидовски, осомничен за настаните од „27 април“.

Имено, судот во Шведска дури и понуди да му даде политички азил бидејќи оцени дека судскиот систем во Скопје е неправеден, па дури, како што рече новинарот Гајсер, самата обвинителка Вилма Рускоска е политички агент на Зоран Заев. Според италијанскиот новинар, за неколку дена ќе заврши неговата детална истрага за случајот „Рекет“ и нагласи дека за тоа помош добива и од земјава.

Бесјан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...