Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, по поразот од Олимпијакос и елиминацијата од Лига Европа изјави дека главни виновници за завршувањето на европската сезона се фудбалерите.

Пред почетокот на натпреварот на „росонерите“ во Атина им одговараше пораз од еден гол разлика, но Олимпијакос со гол во финишот го спречи италијанскиот гигант првпат по сезоната 1999/2000 година да не се пласира во елиминационата фаза на едно од европските натпреварувања.

Ова е навистина големо разочарување. Не смееме да ги заборавиме милионите наши навивачи, го имавме мечот во наши раце, создадовме многу шанси, но во најважниот дел од мечот едноставно се распаднавме. Покажавме дека не сме доволно добри и поради тоа не заслуживме пласман во следната фаза. Одигравме натпревар без срце, а кога играш така, сè е бесмислено. Бесен сум, бидејќи и покрај сите потешкотии оваа сезона, можевме да обезбедиме нокаут-фаза. Ќе биде навистина тешко да се заборави овој пораз во продолжение на сезоната“, изјави Гатузо.

Сега за тимот на Милан останува битката за пласман во Лигата на шампионите наредната сезона, бидејќи тимот на Јувентус во Серија А веќе има предност од огромни 17 бода, во однос на „росонерите“. Следен предизвик за тимот на Милан е дуелот против Болоња, во рамките на Серија А, на 18 декември.

Извор: гол.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...