Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека „никој не ни нуди ништо во врска со Косово, дека нема понуда за поделба на Косово и дека околу 100 земји кои го признале Косово, нема да се повлечат од одлуката“. Овие земји, според него, сакаат да ја видат Србија без Косово. Вучиќ истакна дека „треба да се сфати тежината и позицијата на Србија“ и дека „не треба да се лаже народот“. „Сите рекоа дека сум подготвен да потпишам. Што да потпишам кога нема ништо“, додаде српскиот претседател. Сепак, повтори дека никој не го сака компромисот кој тој го нуди и дека овој компромис го одбил и победникот на изборите во Косово, Албин Курти. Вучиќ не соопшти за каков компромис се работи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...