Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повтори дека нема да има продолжување на дијалогот за нормализирање на односите со Косово се додека не се укине таксата од 100% за српските производи.

Вучиќ рече оти се надева дека косовските власти ќе сфатат дека без преговори не може да има решение. Во меѓувреме, амбасадорите на САД во Косово и во Србија, апелираат до Косово да се укине таксата од 100% кон српските и босанските производи.

Тие исто така бараат Косово да биде конструктивно и двете страни да престанат со провокации. Амбасадорите Скот и Коснет додадоа дека Србите и Косово ја имаат целосната поддршка на САД и дека тие прават се за да им помогнат на Белград и на Приштина за да ја создадат потребната доверба за постигнување договор за взаемно признавање.

Тие најавија дека статус квото го попречува политичкото и економското напредување на двете земји, а на нивно место, организираниот криминал, корупцијата и другите екстремистички елементи се шират и се претворат во закана за регионалната и европската безбедност.

Loading...

Shpërndaj me