Во Хрватска почна вториот круг од претседателските избори. Вкупно 3.860.000 гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ (ХДЗ) или поранешниот премиер Зоран Милановиќ (СДП).

Според последната изборна анкета, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

Вториот круг од претседателските избори ќе биде проследен со рекордни 24.333 набљудувачи, 63 повеќе отколку во рекордниот прв изборен круг, кога имаше 11 кандидати.

Првите прелиминарен изборни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...