Дваесет и четири часа откако Врховниот суд и претседателот Јово Вангеловски беа предупредени од Антикорупционерите судиите да не учествуваат во расправата за нивно разрешување, највисокиот суд реагираше. Во кусо соопштение судот објаснува дека си ја знаат работата и самостојно и независно носат одлуки.

Врховен суд:

…Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на општа седница при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци.“

Антикорупциска вчера ги предупреди врховните судии дека не смеаат на општа седница да носат начелно мислење по кој закон треба да одлучува Судскиот совет за иницијативите за разрешување судии. Новиот Закон за судови предвидува поблаги мерки, а неговата постара верзија дозволува строги санкции и разрешувања ако се утврди несовесно постапување на некој судија.

Комисијата за спречување корупција порача дека деветте судии за кои има постапка не смеат да учествуваат на седницата зашто ако одлучуваат за самите себе, би претставувало класичен судир за интереси.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...