Доколку Антикорупциска утврди дека актуелен функционер влијаел врз одлуката за вработување на свој роднина, ќе мора да си поднесе одговорност. Премиерот Зоран Заев Премиерот Зоран Заев дециден – отстапки нема да има. Уште еднаш апелираше, сите вработени во државни институции и фирми кои се во роднинска врска со членови на државни функционери, да се откажат од работното место.

„Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси, ќе барам директна одговорност“, рече Заев.

Последниве неколку дена дел од актуелните функционери чии блиски добија државна работа, по жестоките реакции во јавноста најавија дека ќе се откажат од вработувањето. Барањето на Заев да се поништат вработувањата засега не го почитуваат функционерите на коалициониот партнер ДУИ.

Интегративците чии роднини добија државна работа велат дека не може да се мешаат во одлуката на блиските, бидејќи, како што велат, станувало збор за полнолетни граѓани.

„Кога зборувам, зборувам за сите и навистина очекувам за сите. Оставам секој сам да си ја носи одлуката, своите чувства и одговорност, пред сè етичкиот однос е многу важен. Затоа пораката ја испратив до сите“, додава Заев.

Пред два дена и министерот задолжен за администрација Дамјан Манчевски најави дека детално ќе се истражуваат постапките за вработување на сите роднини на функционери. Но, Манчевски побара  работните места да ги напуштат роднини на функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои изминатите години добиле државна работа.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...