На судските службеници три до четири пати да им се додели надоместок на плата, со цел да дојдат до приближната сума на надоместок кој го земаат судиите, побараа од сидикатот на правосудството. Според нив не може судија да земе додаток, во зависност од позицијата, од 6.000 до 8.000 денари, а службениците од 700 до 1.500 денари. Доколку барањата не им бидат одобрени, најавуваат штрајк.

„Да се избалансираат тие барања, наши, колку да биде поправична распределбата на надоместоците на плати. Ние кажуваме прво би требало два до три пати да се зголеми делот кон судските службеници во однос на судиите. Ако знаеме дека помлад судски службеник зема 15.000 плата тогаш ако зголемиме два до три пати ќе стигнеме до 4.500 денари, а судиите ќе останат на своите од 6.000 така да имеме еднен избалансиран начин. Ние не сме за бел штрајк , ние сме за црн штрајк, за што може поцрн да биде, со сите можни нишани со кој треба да се прави штрајк.“

Loading...

Shpërndaj me

Loading...