Синдикатот на УПОЗ со Владата ќе потпише колективен договор за административците и судските службеници. Од властите добија ветување дека ќе добијат и додатоци на плата. Им се вети и дека на вработените во судовите ќе им се вратат платите кои им беа одземени за време на штрајковите од пред речиси три години. Со овие ветувања, од УПОЗ очекуваат за судските службеници да се реши едно горливо прашање.

„Сега со ова се создава можност да ги регулираме нивните права, да ги отстраниме штрајковите и протестите и конечно да се работи во мирна атмосфера, да ги зголемиме платата, да се измени Законот за судска служба или да се донесе целосно нов, со што ќе се регулира делот на додатоците на плата што до овој момент ги немаа единствено тие“, рече Пецо Грујовски, претседател на синдикат на УПОЗ.

Министерот Дамјан Манчевски повтроно ги најави реформите во јавниот сектор, но и дека ќе има повисоки плати за администратиците.

„ Можам да најавам дека во буџетот за следната година е предвидени средства за зголемување на плати во администрацијата, а во наредните денови ќе излеземе со конкретни податоци“, изјави Манчевски.

Од министерството за правда потенцираа дека следната недела ќе се одржи средба за носење одлука за одземените плати на судските службеници, иако за тоа  директна надлежност има Судскиот буџетски совет. Вработените во судовите на неколку пати во 2016 – та ги напуштија работниме места и пред институциите протестираа за повисоки плати и подобри улови за работа.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me