Во Општина Центар се продаваат најскапите новоизградени станови по просечна  цена од околу 1115 евра за метар квадратен. На второ место според просечната цена се становите во Карпош за кои инвеститорите бараат речиси 1110 евра за квадратен метар. Аеродром ја комплетира првата тројка на општини со најскап квадратен метар каде цената се движи 950 евра со вклучен ДДВ. Од 930 до 820 евра се движат новите градби во Кисела Вода, Чаир и Општина  Ѓорче Петров. Овие цени се со вклучен ДДВ.

Општина Центар   1115евра

Општина Карпош  1073евра

Аеродром                  955евра

Кисела Вода              928евра

Чаир                           830евра

Ѓорче Петров            819евра

„Општината Аеродром во 2018 има најголем број на одобренија за градба на станови односно 1380. Истото го има направено во 2019та и има повеќе односно 1540, одобренија за градба на станови. Во 2019 година Центар и Карпош имаат издадено најмалку одобренија за градба, Карпош 54 а Центар 85 одобренија“, рече Влатко Богоевски, извршен директор на ФОРТОНМКА.

Во скопските општини Карпош и Центар се продаваат десет пати повеќе станови од колку што градежниците градат, бидејќи општинските власти не издаваат одобренија за градба. Доколку продолжи оваа пракса, во следните две години може да резултира и со раст на цената на становите во овие две општини.

Анализата  покажала дека главниот град има недостаток на деловен простор во трговските центри. Ланската година забележан е раст на завршени новоградби со индустриска намена. Во периодот што следи градежниот сектор се изјаснил дека очекува зголемен инвестициски тренд. Но во однос со земјите од регионот во Македонија има помал степен на поврат на инвестициите во градежништвото.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...