Со уставните измени во личните документи ќе може да се определи и етничката припадност. Премиерот Зоран Заев на денешната јавна дебата за уставните измени нагласи дека на тој начин би се отстраниле дилемите за националната припадност. Тој е убеден дека последната фаза од уставните промени ќе помине во инклузивен процес и оти уставните измени ќе бидат усвоени со парламентарен компромис.

Поранешниот амбасадор Нано Ружин, зборувајќи за важноста на Преспанскиот договор, истакна дека тој е единствената можност што на Македонија ù гарантира членство во евроатланските структури.

Дебатата беше фокусирана и на прашањето на идентитетот и културата. Некои од студентите пак, побараа договорот со Бугарија и Грција да бидат вклучени како документи во Преамбулата. Јавната расправа за уставните измени продолжува утре во МАНУ.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me