Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била донесена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

Жената е една од тројцата повредени во верижниот судир кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје. Останатите две лица се татко и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Девојчето здобило нагмечувања на телото и заедно со таткото се задржани на опсервација.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката во која беа вклучени шест возила и има тројца повредени.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...