Кучиња скитници повторно се присутни во Тетово и претставуваат сериозна закана за жителите. Најзагрозени се децата од основните и средните училишта кои рано одат на школо.

Центарот во Тетово повторно е потенцијална опасност за пешаците, особено тие кои поминуваат кај кружниот тек поради големиот број кучиња кои се движат во зеленилото и напаѓаат речиси секого кој поминува во близина.

„Никој не презема ништо, само ги гледаат и ништо повеќе. Ги напаѓаат децата од школо. Ова треба да се реши итно“.

„Жени и деца се плашат и е за плашење бидејќи има кучиња кои не биле вакцинирани“.

„Се плашиме, но што да правиме. За ова треба да мислат тие од општината. Мора сам да го носам малиот во училиште“, реагираат жителите.

Опасноста која ја носат со себе кучињата скитници е голема особено кога се знае дека повеќето од нив не се вакцинирани. Во случај на каснување од овие кучиња, лекарите препорачуваат итно да се закаже преглед кај одделот за заразни болести.

„Најдобра превентива е нивно елиминирање, да се најде решение, ете ова е превентивата. Во случај на каснување, најдобро е директно да се обратат кај нас да ги третираме со вакцини и серуми, но се случува да снема лекови, иако во цела Македонија ние сме единствените кои имаме вакцини против беснило“, рече Др. Халил Исмаили- инфектолог.

Од општина Тетово велат дека склучиле договор со компанија која ќе се погрижи за кучињата скитници, но не соопштуваат кога ќе се случи тоа.

Општина Тетово:

Во блиска иднина се очекува да се најде локација и снабдување со куќарки за третман и грижа на кучиња скитници“.

Само изминатата година, во Тетово се регистрирани околу 35 случаи на каснување од кучиња скитници.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me