Туристичките можности и убавини на Иран денеска беа презентирани во Скопје. Иранската амбасада пред медиумите ги претстави дестинациите со кои официјален Техеран настојува да се привлечат што повеќе гости од земјава. Во Иран во ист месец од годината, како што беше нагласено, може на едната страна од земјата да се скија, а на другата да се сонча на песочните плажи. Иран како туристичка дестинација веќе определено време станува сè поприсутен во туристичките понуди на агенциите во земјава.

„Јас не се сомневам дека тур-операторите или сите вклучени во оваа дејност имаа или поседуваат добри информации за туристичките капацитети на Иран, но уверен сум и во тоа дека ваквите средби несомнено ќе помогнат ние подобро да се запознаеме, сè со цел  да добиеме нови можности“, рече Хусеин Керими амбасадор на Иран.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...