22 отсто од населението во Македонија живее во сиромаштија. Дури 460 граѓани едвај обезбедуваат по еден дневен оброк. Тие живеат речиси со празен стомак. Најзагрозени се руралните и планинските предели. Граѓаните кои ги анкетираше Алсат се жалат на ниското ниво на економијата истакнувајќи дека недостига средната класа и дека се повеќе има сиромашни и богати граѓани.

„Таа средна категорија станува посиромашна. Економската ситуација е катастрофа. Генерално не очекувам нешто да се подобри бидејќи многу е ниско нивото. Актуелноста те тера така да мислиш бидејќи тој кој порано земал 500 евра, сега добива 100 или 200 евра. Затоа младите бегаат во странство“, вели една граѓанка.

Поради алармантните бројки за сиромаштијата, хуманитарните организации неделава одржуваат разни активности за да им излезат во пресрет на овие граѓани.

„Овој е момент за да ги потсетиме тие кои донесуваат одлуки во земјава дека сиромаштијата е секојдневие“, вели Саит Саити од Црвениот Крст.

Во светски рамки, две милијарди луѓе се на праг на сиромаштија, а во крајна сиромаштија живеат 750 милиони лица. 800 милиони се соочуваат со основни потреби од храна.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me