Во пунктовите за тестирање во Аеродром и Ченто денеска биле земени брисеви за тестирање дали се позитивни на  корона вирусот на вкупно 56 лица, односно по 28 во секој пункт.  Ова е и максимумот на лица кои секој пункт може да го опслужи дневно. Во поликлиниката Чаир тестирањето сè уште не е почнато. Овој здравствен дом прво ќе се дезинфицира па потоа ќе се отвори за пациенти, велат од скопскиот Центар за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје каде се вршат тестовите за корона вирусот за цела држава АЛСАТ рекоа дека во текот на вчерашниот ден добиле 170 брисеви од сите пунктови и од нив 25 биле позитивни на вирусот. Освен овие, во изминатото деноноќие тестот бил  позитивен и за уште 4 граѓани кои се тестирале во приватната болница „Филип втори“, со што вкупната бројка на новозаразени се искачи на 29. Од Институтот за јавно здравје додаваат  дека во моментов проверуваат 98 брисеви.

А, за да закажете текст дали имате коронавирус треба телефонски да се јавите кај матичниот лекар кој ќе ви постави десетина прашања колку што има во тн епидемиолошки тест. Дел  од нив се: дали сте биле во странство, дали сте контактирале со заразено лице, дали имате температура, кашлица, тешко дишење… Од одговорите што ќе ги дадете системот сам проценува дали треба да се тестирате.Тестирањето го закажува лекарот преку мој термин во пунктот кој е во близина на вашето место на живеење.  Од здружението на приватните матични доктори апелираат граѓаните да ги кажуваат точните податоци за брза реакција и спречување на ширењето на коронавирусот.

„Кај мене сега во амбулатна ме информираа моите вработени дека се пријавиле пациенти кои чувствуваат тегоби, биле во контакт со личност која е позитивна на корона, така што вработените коишто биле во контакт со таа личност сега веќе се во паника и сакаат да направат испитувања. Ги повикувам и другите коишто биле во конткат со личности, да не се кријат. Многу е битно навреме да се каже. Ако некој разбере, навреме инфомацијата да се проследи, да се јави телефонски до матичниот лекар. Ние сме достапни“, рече  Д-р Лилјана Чолакова, здружение на приватни матични лекари.

За заштита од коронавируост се препорачува растојание од два метри меѓу луѓето, постојано миење на рацете… Владата ги продолжи и мерките, како онаа за родителите кои имаат деца до 10 години со што потврдите за отсуство од работа ќе важат додека трае вонредната состојба.

Игор Стефановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...