Во пресрет на предизборната кампања на 12 април и на крајот на сезоната на скијање, Владата го пушти во употреба шестоседот на Попова Шапка. Иако проектот започна со изградба пред шест години, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека проектот е завршен во рекордно време.

“Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на ЕЛЕМ Турс за неговата неуморна и експедитивна работа да ги заврши во скоро рекордно време сите процедури и што  денес има можност да започне со работа шестоседот токму овде на Попова Шапка”, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

За разлика од Бектеши, директорот на ЕСМ Македонија, вели дека работите се  задоцнети и  дека има и непрофесионални пропусти, и предупредува на одговорност.

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“  оценуваат дека проектот е неуспешен и недовршен.

“Изјавата на министерот за економија беше многу смешна затоа што рече дека во рекордно време е изграден и пуштен во употреба овој шестосед кој започна како проект во 2012 година, со работите во 2014 година и заврши во 2020 година, и е неуспешен проект. Многу работи недостасуваат, недостасува развој, а главната работа што недостасува е отстранувањето на ЕЛЕМ од окупацијата на оваа земја”, рече Хамди Сулејмани, Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

На Попова Шапка, многу други основни проблеми остануваат нерешени, за функционирање на туристичкиот центар, како што е недостатокот на паркинг местата, патната инфраструктура, оштетената канализација и населбата со вили која се соочува со лоши патишта, несоодветното осветлување и недостатокот на фекалната и атмосферската канализација.

Башким Сулејмани

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...