Македонија не е земја во која виреат долгорочни проекти. Само во Првата македонска фудбалска лига од јануари до денеска се разрешени вкупно 24 тренери. Во 2018 година „Валцерот на тренерите“ го почна Победа со разрешувањето на Славољуб Бабуња за на негово место да го донесе Штерјовски и на крајот да заврши со Мегленски.  Потоа следува екипата на Шкупи која во 2018 испроба четворица тренери. Ова е разочарувачко ако се спореди бројот на отпуштени тренери во изминатите сезони. Заминувањата на тренерите почна со Ардијан Нухиу во март за потоа да продолжи со Зекерија Рамадани и да заврши со Умит Каран. Ист број тренер смени и Ренова. Тие почнаа со Мехмеди, за на крај да завршат со Никола Илиевски Џиџи.

„Во 2018 година по тројца тренери сменија и двете скопски екипи Вардар и Работнички. Вардар ја почна сезоната со Јаневски и завршија со Васовски. А Романтичарите почнаа со Станковски и завршија со Тасевски. По двајца тренери сменија Силекс, Беласица и Академија Пандев. Со старите тренери почнаа и завршуваат само Шкендија со Ќатип Османи и Македонија Ѓ.П. со Александар Таневски. Во фудбалските првенства во земјите од регионот се разрешија многу помалку тренери од нашето првенство“- изјави Никола Илиевски- Џиџи, тренер на Ренова.

Од регионот, во Косово во текот на годината се разрешени пет тренери во Хрватска 12 додека во  БиХ вкупно се разрешени 17 тренери.

Некогаш меѓу најважните европски лиги, италијанската Серија А беше најопасна за тренерите, но годинава со овој број ПМФЛ стана најопасна лига за стратезите.

Сафет Адеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...