Од воведувањето на полицискиот час, вкупно 391 граѓанин бил фатен како не ја почитувал оваа владина мерка, вклучително и над 60 случаи регистрирани во последните 24 часа. Од последните, 11 од сторителите се малолетници и шестмина се лица над 67 години.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу вели дека со оглед дека мерката трае веќе неколку дена, вкупниот број на прекршители е голем. Воспоставувањето на ваков режим на полициски час преку денот врз основа на возраста е со цел да се ограничи движењето и среќавањето на младите и постарите кои можат да бидат заразени со Ковид-19. За сите сторители отворени се постапки.

“За лицата до 18 години, секако ќе има и прекршочна одговорност. Исто така, постои и таканаречена солидарна одговорност на нивните родители поради небрежност на родителите. Тоа е прекршочна постапка која предвидува парична казна. Тоа е член 205 од Кривичниот законик кој предвидува инкриминација на дејствија што доведуваат до ширење на заразно заболување и предвидува казна затвор од 1 до 3 години. Друг член, член 206, предвидува непочитување на наредбите на државните органи. Тука казната се движи од 2.500 евра до една година затвор. Наидовме на потешкотии и во Битола, Велес, Прилеп, Струмица каде има повеќе прекршувања на полицискиот час”, рече Агим Нухиу, заменик-министер за внатрешни работи.

Во повеќето случаи, граѓаните одбиваат да останат дома со тврдење дека немало да бидат заразени. Во меѓувреме, МВР постојано следи 8 хотели и приватни имоти кои државата ги има претворено во места за карантин за досега 322 граѓани кои мора да останат во задолжителна изолација. Тие се предмет на строг режим на работа. Имено, досега бројот на лицата во самоизолација достигна 10.000, полицијата се соочува со потешкотии кога станува збор за нивно набљудување. Досега 149 граѓани не ја почитувале мерката за самоизолација. Инаку, после воведувањето на одлуката за затворање на границите, во Македонија влегле и излегле околу 900 лица, вклучително и превозници.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...