Се повеќе се зборува за работните позиции за кои човекот во иднина веќе нема да биде потребен, бидејќи наместо луѓе ќе работат роботи. Во овој јапонски хотел оваа приказна веќе започна со реализација.

Хотелот Henn na chain, чие име во превод значи “чуден”, е првиот хотел на светот во кој наместо луѓе, работат роботи. Поради оваа причина влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

“Вработените” изгледаат како да се одојдени од Јура парк, со единствена разлика во тоа што на главата носат мали капи, како и кравати. На гостите им ги внесуваат личните податоци во посебен компјутер, а притоа гостите можат да бираат на кој јазик роботите ќе комуницираат со нив – јапонски, корејски, кинески или англиски.

Во секоја соба има мини роботи наречени Тапија. Тие изгледаат како ББ-8 од Војна на ѕвездите и им помагаат на гостите да менуваат програми или музика. Дури и рибите што се наоѓаат во лобито во аквариумите работат на батерии, а контејнерите за отпадоци се исто така автоматизирани. Децата особено ги сакаат малите роботи во облик на јајца со кои можат да играат.

Менаџерот на хотелот, Јукио Нагаи смета дека ваквиот начин на работа е доста исплатлив, бидејќи работна сила во Јапонија е тешко да се најде. Во хотелите е доста тешко да се најдат потребните работници, па затоа гостите сега ги послужуваат роботи.

Едно ноќевање во хотелот чини 80 долари, а наместо клучеви користат технологија за препознавање на лица. Целосно автоматизирана количка се движи по собите, носејќи потребни пешкири, храна и работи кои им се потребни на гостите. Човек доаѓа единствено кога треба да се поправи нешто што е расипано, но од хотелот тврдат дека тоа ретко се случува.

Погледнете каква е атмосферата во хотелот каде работат само роботи..

Loading...

Shpërndaj me