По речиси 30 години независна држава, Македонија сега преговара со соседите за слободен проток на луѓе и капитал. И тоа на првата заедничка средба во Нови Сад помеѓу премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. На неа денеска беше донесена декларацијата за подобра соработка помеѓу трите земји, а конкретните мерки ќе бидат соопштени точно за еден месец. Имено, за 10 ноември е закажана и втората средба во ист состав, но во Охрид. Според премиерот Заев, отворена е можност за нови инвестиции на бизнисмени од земјава и подобар пласман на нивните производи во Албанија и Србија.

Главната цел е поголем стандард, повеќе пари и поголема економска моќ и нови работни места и вработувања, право на младите да учат, студираат во кој било регион и полесно да се вработат во сите други земји во регионот. Кога некој вложува во својата фабрика да може да го гледа регионот во целина и за работна сила и за место за инвестирање и за пласман на производи – изјави Зоран Заев, премиер на РСМ.

Премиерот на Албанија Еди Рама смета дека не само овие три држави, туку и целиот регион предолго чека некој друг да им обезбеди подобра иднина. Рама вели, време е самите да направиме нешто добро за нас.

Ова не е состанок кој се случи ненадејно и би сакал да појаснам дека нема за цел никаква ексклузивност, туку чекор кој е преземен за обезбедување на општ инклузивен процес и во декларацијата се чита дека ние зборуваме за шесторката од Западниот Балкан во целиот текст. Во 2017 година на состанокот на Берлинскиот процес во Трст се договоривме за акцискиот план за регионална економска област, но две години од тој договор, не се случија доволно од тие работи за да се случи интеграција – рече Еди Рама, премиер на Албаниа.

Домаќинот пак, претседателот на Србија Александар Вучиќ е задоволен од средбата. Доколку заеднички се настапи на повеќе полиња, според него тоа би значело и промена на сликата кај инвеститорите. Поатрактивен регион значи и подобар живот за сите граѓани во соседството.

Целта е да се регулираат меѓусебните односи за поттикнување на растот во регионот, за намалување на невработеноста и заеднички да делуваме. Бариерите ќе ги отстрануваме со посебни кластери и ќе обезбедиме десет пати побрз премин на границата на стоките и луѓето, додека за капиталот ќе биде потребно подолго време, но и тоа ќе го направиме – изјави Александар Вучиќ, Претседате на Србија.

Договореното во Нови Сад денеска, за мини-шенген во регионот беше најавено уште пред две недели од страна на српскиот претседател. Поголемиот дел од бизнис здуженијата излегоа резервирани или пак со негативни ставови околу оваа идеа. Сметаат дека економијата на земјава треба да се движи кон западноевропскиот свет, а не да се групира регионално.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...