Сите продавници, освен оние кои продаваат храна и пекарниците, ќе бидат затворени од 28 март до 5 април, а Уредбата не важи за аптеките, кои ќе останат отворени, соопшти градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Со Уредбата се опфатени сите ресторани и кафулиња, но и јавни места и паркови, како што е паркот Горки. Затворени ќе бидат и салоните за убавина, како и сауни, бањи и салони за масажа.

Собјанин напиша на својот блог дека овие мерки ќе го отежнат секојдневниот живот во Москва, но дека се неопходни за да се забави ширењето на новиот коронавирус.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...