Во моментов преку 180 телефонски броеви законски се прислушуваат. Ова го констатира парламентарната комисија за следење на спроведувањето на прислушувањето за време на првата посета во Оперативната-техничка агенција.

Сепак, парламентарната комисија спроведе само нормативно набљудување, односно имаше увид во барањата на институциите за следење, ги разгледа судските налози за спроведување на оваа мерка и архивираните документи. Но, техничкиот аспект останува без мониторинг поради недостиг на технички експерти кои сè уште не се ангажирани. Поради тоа, парламентарната комисија не може да утврди дали ОТА евентуално посредува и при незаконско прислушување.

Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, вели дека во овој случај одговорноста треба да сносат оние кои ги одложија процедурите за ангажирање на експерти, алудирајќи на Собранието. Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, додаде дека Агенцијата во моментов има вкупно 22 вработени кои ги покриваат сите позиции за нејзино функционирање. Тој не ја отфрли можноста за нови вработувања во наредните месеци.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me