Родовата еднаквост е присутна во Македонија. Жените подеднакво можат да се вработат и да земаат за иста позиција иста плата како и мажите. Но, состојбата е полоша кога станува збор за вршење на најодговорните позиции.

Имаме впечаток дека жените се добри студенти, завршуваат факултети дури и на напредуваат научно, но кога станува збор добивање на топ позиции во компаниите скоро многу ретко се случува. Некако земјите што припаѓаат на пост социјалитистичкиот блок кај нив балансот помеѓу мажите и жените на позиции е подобар за разлика од виско развиените демократски опшества – изјави Христина Спасевска- претседател асоцијација на инженери.

Бизнисмените пак велат дека без родова еднаквост и без зајакнување на улогата на жената во опшеството нема да има ни брз економски развој. Едно опшество не смее да се откаже од потенцијалот на половина од своето население, порачаа на меѓународна конференција „Жени во индустријата“.

Бизнисот не може да си дозволи да остави една од популацијата настрана. Она што се обидуваме е да го намалиме овој јаз помеѓу помеѓу мажите и жените и да обезбедиме фер и избалансирана средина во бизнисот секторот за мажите и жените – рече Штефан Петер- претседател управен одбор на ЕВН.

Дводневната конференција под мотото„Здржени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ ќе вклучи дискусии од експери во различни области во земјава, како и од Австрија, Италија Холандија и Шведска. Оваа конференција е во организација на ЕВН Македонија и ацосијацијата на зруженија на инженери.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...