Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Талир“ и „Трезор“.
Во првиот случај обвинети се екс-премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Со обвинението за истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и екс-началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа.

Loading...

Shpërndaj me