Сиромаштијата која се пренесува од генерација на генерација е најдолгорочен проблеми на македонското општество. Невладиниот сектор смета дека потребно е на тие семејства да им се овозможи поголема активација на пазарот на труд. Овие луѓе не треба повеќе да се гледаат како бројки и статистика, туку како луѓе на кои треба да им се помогне, велат од граѓанските здруженија. Најмногу ги загрижува фактот дека сиромаштијата се продлабочува кај граѓани кои се во работен однос и земаат плата.

„Да се направи фактичка студија на случај, како тоа лице да се извлече од сиромаштија. Дали му е потребна активација, во смисла тоа е работоспособно лице и ми треба доквалификација за да може да влезе во работен процес. Или тоа е лице на кое треба да му се задоволат социјалните потреби, дали живее во супстандардни услови – дали има вода, храна, дали му е потребна финансиска стабилност за дури потоа во втора фаза да се активира“, рече Билјана Дуковска, претседателка на Македонската платформа против сиромаштија.

Поголемиот дел од граѓаните со кои поразговаравме велат дека тој што е роден сиромав многу тешко успева да се избори за основни услови за живот. Но, сретнавме и такви кои сметаат дека како нација повеќе се жалиме од колку што се обидуваме да ги подобриме работите.

Малку сиромаштија е. Гледам по луѓето, имам тезга на „Буњаковец“ и гледам по муштериите многу слабо. Нема купци,  немаат луѓето. Се ценкаат и тоа претерано. Од 200 денари бараат за стотка да го земат. “

„Без да ги потценувам луѓето кои се навистина во тешка економска состојба, но кога ќе видите во целина мислам дека повеќе сме сиромашни во главата од колку во џебовите“, рекоа дел од анкетираните граѓани.

Алармантен е податокот кој го објавија граѓанските здруженија, кој вели дека над 460 илјади граѓани во земјава не можат да си ги дозволат три оброка во текот на денот. Алсат ја посети невладината „Банка за храна“ во Скопје која на месечно ниво успева да го ублажи овој негативен податок за околу илјада граѓани давајќи им пакети со основните прехранбени производи.

„На месечно ниво околу 20 илјади парчиња разни лебови или лиснати производи се делат на крајните корисници. А, ако помножиме со 12 ќе дојдеме до фрапантна бројка од 300 илјади парчиња. Листа ни доставува Центарот за социјални работи да поделиме пакети, да ги повикаме луѓето, видовме дека четрворица од нив се починати. Тоа значи дека одредена социјална помош кои ја земаат тие луѓе – починати, која ја зема таа помош?“, вели Душко Христов, банка за храна.

Ставот на властите е дека со пакетот социјални мерки веќе се намалува сиромаштијата во земјава која статистички е на ниво од 22 отсто. Граѓанските здруженија со порака до оваа, но и до сите следни влади: политиката да ги тргне  рацете од сиромаштијата бидејќи најмногу се манипулира со лица кои се во социјален ризик.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...