Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава бележи раст од 3,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Вкупната економија расте втор квартал по ред иако во првиот, бруто домашниот производ забележа раст од повисоки 4,1 процент.

„Растот на бруто домашниот производ во вториот квартал тој е сè уште на високи 3,1 проценти коишто практично и се очекувани со оглед на тоа дека во тој период имаше претседателски избори, но заедно со првиот квартал од 4,1 процент тоа сепак просечно 3,6 проценти што е над предвидувањата и во буџетот којшто на почеток беше детерминиран на 3,2, но после го корегиравме на 3,5 проценти“, рече Кочо Анѓуешев- вицепремиер задолжен за економски прашања.

Во однос на фактот дека економијата на Германија од јули е влезена во рецесија, а таа е наш најголем трговски партнер, Анѓуешев вели дека во моментов не гледа дека има можност за штета врз нашата економија.

„Германското стопанство забавува ние знаеме дека нашата економија е врзана со извоз во ЕУ, пред сè во Германија како наш најголем партнер и тоа секако нè загрижува, како што ги загрижува сите во светот. Но, за среќа од анкетите што ги направивме со нашите компании тие немаат намалени нарачки во моментов, односно сите тие имаат зголемени нарачки…“, додава Анѓушев.

Според објавените податоци на нашата статистика, економијата во Македонија забележала раст во повеќе сектори, односно индустријата и градежништвото. Во второто тромесечие финалната потрошувачка пораснала со стапка од 2,7 проценти, а бруто-инвестициите се зголемени за 11,1 процент.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...