Се ниша колицијата меѓу ДУИ и СДСМ во ...
СДСМ и Алијанса за Албанците велат дека нема да поддржат проекти на кои би довеле до градежен пустош на струшк...
Прочитај повеќе...Еден од најважните елементи кои се потребни за живот е фосфорот, но најновите истражувања сугерираат дека во вселената го има помалку отколку што се мислеше. Тоа би можело да биде лоша вест за сите оние кои се надеваат дека некогаш воопшто ќе пронајдеме вонземски живот.
Научниците сметаат дека фосфорот дава живот бидејќи може да предизвика хемиски реакции кои се потребни да се стимулира развој на организам. Фосфорот е од исклучителна важност за соединението аденозин трифосфат или АТП, кое клетките го користат за складирање и пренос на енергија.
За потребите на оваа студија, научниците ги испитувале читањата на телескопот Вилијам Хершел, поставен на Канарските острови. Ја измериле инфрацрвената светлина која настанува од фосфорот и железото во Crab Nebula, остаток од експлозија на супернова, околу 6500 светлосни години далеку од Земјата. Суперновите се ѕвезди кои предизвикуваат најсилни експлозии во Вселената.
Со споредување на читањата пред Cassiopeje A (Cas A) другиот остаток на суперновата, во Crab Nebula, е пронајдено многу малку фосфор. Ова истражување покажува дека некои ѕвездени системи имаат многу малку фосфор, иако научниците велат дека резултатите се прелиминарни.
“Овие две експлозии се различни една од друга, бидејќи Кас А настанала од супер-ретка масивна ѕвезда”, вели Фил Џексон, еден од научниците од Универзитетот Кардиф во Велика Британија.
Претходните истражувања потврдуваат дека фосфорот настанува во експлозиите на масивните ѕвезди, но научниците тешко можат да претпостават колку фосфор може да произведе една експлозија.
Една можност е различната старост на ѕвездата да влијае на фосфорот, а друга можност е дека естремната маса, или густината на Кас А има произведено повеќе реакции, но во тоа научниците не се сигурни.
Студијата е презентирана на Европската недела на астрономијата и вселената во Велика Британија.
Извор: enauka.mk
СДСМ и Алијанса за Албанците велат дека нема да поддржат проекти на кои би довеле до градежен пустош на струшк...
Прочитај повеќе...Ученици иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар што ќе се одржи во Детроит, САД. ...
Прочитај повеќе...Кривичниот суд ја одби жалбата на Фејзи Азири да му биде продолжено отсуството од затвор. Тој веќе е пренесен ...
Прочитај повеќе...Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните соста...
Прочитај повеќе...