Министерот за економија Крешник Бектеши ја потврди инфомацијата на Алсат, дека ДУИ не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на цела администрација. Наместо сите вработени, минималец од 14.500 да земаат само функционерите, а како крајна мерка да се разгледува и можноста за скалесто намалување на платата за други вработени. Сепак, ДУИ и како СДСМ е за да се запре плаќањето на челновите на управните и надзорните одбори.

„Во мометов мислиме дека треба да почнеме со намалување на платите на фукционерите, откажување на секакви плаќања во управните и надзорните одбори, па потоа да да ги видиме другите фази, имајќи ги во предвид и приходите кој треба да ни ги каже министрството за финансии како се движат во државата. Ставот на мојата политичката партија од каде што доаѓам е дека не треба такво кратење да се направи во јавната администрација“, рече Крешник Бектеши- Министер за економија.

Предлогот од лидерот на СДСМ, Зоран Заев за намалување на платите наиде на остри критики од сите синдикати во земјава кои рекоа дека така се кршат работничките права. И од Конфедерацијата на слободни синдкати не се согласни за намалување на платите. Наместо тоа бараат сите компании кои имаат голема добивка да ја дадат на државата.

„Револтот е голем, се надевам Владата неколку пати досега се откажала од мерки кој не се популарни така и овој пат да ја прифатат пораката од сите синдикати и во овој период да нема намалување на платите. Крајно сме огорчени од т.н профитери, олигарси во државата, они сега треба да го покажат нивниот патриотизам“, рече Маријан Ристески- КСС.

По предлог на Министерството за економија како дополнителни сет мерки, вчера на владина седница се замрзнаа цените на медицинските маски и ракавици и стопроценти се укинаа царината на 13 медицински производи. Покрај ова, државата во целост ќе ги обештетува граѓаните на кој им пропаднал туристичкиот ангажман, со доделување на ваучер со важност до 31 декември следната година.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...