Австрија подготвено одговори на сѐ погласните предупредувања за глобалното затоплување. Деновиве во Виена беше претставен проектот – улица што може да ја регулира температурата на воздухот. Станува збор за пилот проект на улицата Zieglergasse, во населбата Нојбау, пренесува „Виенер цајтунг“.

Топлите денови во Виена ќе се зголемат повеќе од двојно до 2050 година. Мора да делуваме на сите нивоа, бидејќи повеќе не може само да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро“, изјави заменик градоначалникот Биргит Хебаин.

Инаку, покрај оваа улица, долга околу еден километар, се предвидува во нејзината околина да се инсталираат и фонтани за освежување и дополнителни системи за разладување на воздухот. Пресметките покажале дека реконструкцијата на улицата ќе чини околу 2,5 милиони евра, а градските власти ќе одлучуваат дали проектот би можело да се примени и во други квартови во Виена.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...