Во Бугарија е обвинет еден претставник на невладина организација дека шпионирал за Русија и оти наводно давал информации со цел земјата да ја смени нејзината прозападна ориентација. Заменик главниот обвинител Иван Гешев изјави дека Николај Малинов, претседател на Националното движење Русофили бил обвинет за тоа што „се ставил во служба на странски организации да работи како шпион“. Доколку биде прогласен за виновен тој би можел да добие казна од 15 години затвор. Малинов е пуштен од притвор, но му е забрането да ја напушти земјата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...