Во Босна и Херцеговина денеска навршуваат 23 години од масовниот геноцид врз Бошњаците, извршен од страна на српските сили во 1995 година. Заедно со комеморацијата ќе биде извршена и погребна церемонија за уште 70 жртви чии остатоци беа идентификувани минатата година.

Настанот се одбележува во меморијалниот центар Поточари, каде што ќе пристигнат и делегации од повеќе земји.

Во 2007 година во Меѓународниот суд за правда во Хаг, по тужба на БиХ против Југославија, беше усвоено дека во Сребреница во 1995 се случил масовен геноцид во кој се убиени најмалу 8000 луѓе.

Shpërndaj me