Фред Брофи управува боксерското тело – последно во Австралија и едно од малкуте во целиот свет – кои патуваат во далечните градови за да органзиаираат борба. Брофи, борбите во рингот ги поставува под шатори, а ги најави со старата традиционална австралиска облека. Тој управувањето со овој спорт го има како семејно наследство.

„Оваа работа ја правам од пет годишна возраст. Сум се родил со неа. Мојот татко имаше еден, исто и дедо ми и прадедо ми имаа по еден. Ние сме кралеви на ринговите. Ова е 100% австралиски спорт и ова е тоа што го прават Австралијците. Ова е наша забава“- изјави Фред Брофи, промотор.

Освен мажите на ринговите под шатори настапуваат и жени кои се уште поатрактивни  со нивните борби кои се следат од 5 до 6 илјади души.

Неал се приклучи кон овој карван во 2010 година и сега таа со нејзините патувања им помага на младите кои имаат проблеми со соодветно снаоѓање во општеството. Неал неретко е предизвикана од двајца противници.

„Прва работа е да имаме добар настап, бидејќи публиката те поддржува. А потоа се грижиме да ги извршиме другите работи“- рече Бретли Неал, боксерка.

„Ти можеш да влезеш во рингот и да заборавиш се што си вежбал за да го направиш тоа во вакви борби. Но, ова навистина е восхитувачки. Утре ќе видиме дали имаме или не главоболка“- рече Леоние Хурст, боксерка.

На овој начин Фред не враќа во тирсетите години од минатиот век, кога борбата под вакви шатори се одржувале на саемите и на земјоделските приредби во главните градови. Патувачките боксери порано со своите шатори патувале и по пет илјади километри. Загриженоста за здравјето и безбедноста доведоа до тоа мнозинство држави и територии на Австралија, да ги забранат настапите на патувачкиот бокс.

Сафет Адеми

 

Loading...

Shpërndaj me